Талибанците демантираат дека им умрел лидерот

Портпарол на Талибанските милитанти ги демантираше извештаите дека починал врховниот лидер на терористичкото движење Мула Омар. Портпаролот тврди дека нивните телефони биле хакирани и биле испратени СМС пораки со невистинити тврдења. Талибанците ја обвинуваат американската разузнавачка служба за дизинформацијата и се закануваат со одмазда.