Сириските сили убиле 10 луѓе во Хомс

Протести во Сирија

Сириските безбедносни сили денeска отвориле оган за времe на погребна церемонија, при што убиле 10 луѓе во градот Хомс, соопштуваат активистите за човекови права. Според нивни податоци од саботата наваму во Хомс загинале 50 луѓе. Владините сили се обидуваат да ги задушат анти-владините протести. Од почетокот на протестите пред 4 месеци, досега загинале 1.600 луѓе во Сирија.