Мурдок беше сослушан во Британскиот парламент

Шефот на Њуз Коропорацијата Руперт Мурдок и неговиот син Џејмс денеска бea сослушани во Парламентот поради скандалот прислушување кој доведе до затворање на магазинот Њуз оф т ворлд, дел од нивната медумска корпорација. Медиумскиот могул Руперт Мурдок пред комисијата на англискиот парламент рече дека ова „е најмирен ден“ во неговиот живот, додека син му Џејмс Мурдок, кој раководи со медиумската корпорација во Велика Британија, им се извини на жртвите на прислушкување од страна на нивниот неодамна затворен весник Њуз оф т ворлд. До сослушувањето доаѓа по вчерашната оставка на лондонскиот заменик полициски комесар Џон Јејтс, кој пред две години не отвори истрага за прислушкување поврзани со таблоидот