20 доктори на науки и 399 магистри чекаат работа

Во Македонија , во јуни биле евидентирани 311.374 невработени луѓе, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Во споредба со истиот период лани, бројката на невработени се намалила за 19.182 луѓе. Најмногу невработени има во Скопје, а потоа следуваат Тетово, Куманово , Прилеп. Според возраста најмногу на листата на невработени се луѓе од 20 до 24 години. Меѓу невработените според образованието најмногу се ниско образованите, а во Агенцијата како невработени се евидентирани и 20 доктори на науки и 399 магистри.