Клинтон се заложи за поголема соработка со Индија

Хилари Клинтон во Индија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон при денешната посета на Индија се заложи за поголема соработка за нуклеарните и за безбедносните прашања. Клинтон се сретна со индискиот министер за надворешни работи , како и со премиерот Манмохан Синг. Таа изјави дека охрабрува фактот што Индија и Пакистан решија да го рестартираат мировниот процес. Американскиот државен секретар изјави дека двете земји „може и мора да сторат повеќе" во областа на нуклеарната енергија во услови кога американските фирми во Индија губат на пазарот од француски и руски фирми.Индиските власти изразиле загриженост поради повлекувањето на американските војниците од Авганистан. Според нив тоа може да доведе до нестабилност во регионот.