Поранешен новинар на News of the world пронајден мртов

Некогашниот новинар на згаснатиот британски таблоид News of the world, Шон Хор, кој меѓу првите укажа на скандалот околу прислушувањето, е пронајден мртов во својата куќа во местото Вотфорд, соопшти британската полиција. Според соопштението, неговата смрт се води како неразјаснета, но не се смета за сомнителна. Весникот Гвардијан наведува дека Хор имал долготрајни проблеми со алкохолизмот и дрогата.
Според пишувањето на Њујорк Тајмс, Хор изјавил дека во згаснатиот таблоид, кој беше во сопственост на медиумскиот магнат Руперт Мардок, се прислушувала говорната пошта на познати луѓе, политичари, новинари, па дури и на жртви на злосторства.