Хилари Клинтон во посета на Индија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон, која од синоќа се наоѓа во Њу Делхи, денеска ќе се сретне со индискиот премиер Манмохан Синг и со други претставници на оваа земја. Главни теми на разговорите се очекува да бидат плановите на САД во Авганистан, односите на Индија и Пакистан, како и прашања за економската и трговската соработка.
Најавено е дека Клинтон на средбите ќе говори за демократските вредности кои се заеднички за двете земји и за потребата да се зајакнат односите во образованието, културата и трговијата.