ВМРО-ДПМНЕ реагира до ЗНМ за измените на Законот за радиодифузија

Здружението на новинари на Македонија да одговори што е незаконски во предложените измени на Законот за радиодифузна дејност, што е спротивно на Уставот и дали има некаква формална грешка во процедурите, бара ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на ЗНМ.. Знаеме дека нема ниту едно прекршување и ниту една формална грешка, а исто така знаеме дека целите на овие промени се многу чесни и јасни. За нас е зачудувачки ставот на ЗНМ кој е во целост идентичен со ставот на една партија од опозицијата. Во досегашниот период ЗНМ декларираше одредена неутралност, но сега во целост, со своето ставање на страна на опозиција, сериозно го става под прашалник својот кредибилитет, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.