Делумна забрана за движење во шумите, за да спречат пожари

Се воведува делумна забрана за движење во шумите за да се спречи појавата на пожари,одлучи денеска владиното Координативно тело за заштита на шумите од пожари. Координативното тело апелира граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.