Кина-4 загинати во судири меѓу полицијата и Ујгурите

Протест на Ујгурите

Најмалку четири луѓе биле убиени денеска, кога била нападната полициска станица во регион Ксинџијанг во Кина. Според новинскaта агенција Ксинхуа напаѓачите биле од муслиманското Ујгурско малцинство. Судирите избувнале откако група Ујгури се обиделе да земат полицајци како зaложници, за да им бидат ослободени членовите на нивните семејства кои се во затвор. Во јули 2009 година, околу 200 луѓе беа убиени кога Ујгурите во регионалниот главен град Урумки, се судрија со членовите на групата Хан , кои се мнозинстов во регионот. Во Ксинџијанг живеат повеќе од осум милиони Ујгури.