Поранешен командант на ОН во БиХ го обвини НАТО за воените страдања

НАТО, под водство на САД, системски ги поткупуваше мировните напори на Обединетите нации во Босна и Херцеговина, на тој начин што ги вооружуваше и обучуваше силите на Муслиманите и Хрватите во земјата, изјави поранешниот командант на Мисијата на ОН во БиХ, британскиот генерал Мајкл Роуз.Доколку единиците на НАТО се распоредија во БиХ во 1992 година кога ги повика тогашнот претседател на БиХ Алија Изедбеговиќ, немаше да се случи војна, ниту масакри. Уште полошо по доаѓањето на ОН, НАТО под раководство на САД, почна дополнително системски да ги поткопува мировните напори на Светската организација, изјави Роуз. Неговата изјава претставува реакција на написот на новинарот Сајмон Купер насловен „Лалињата од Сребреница“, во кој тој за масакрот во овој град тој ги обвинува холандските војници од составот на Мисијата на ОН