Петреус ја предаде командата со војската во Авганистан

Генерал Дејвид Петреус

Американскиот генерал Дејвид Петреус се повлече од својата функција- командант на заедничките американски и НАТО сили во Авганистан. Петреус ја презема функцијата шеф на ЦИА. На церемонија во Кабул денеска Дејвид Петреус му ја предаде командата на генерал-полковник Џон Ален. Новиот командант вети дека ќе продолжи со борбата против милитанти во Авганистан и со подршката за авганистанските безбедносни сили.