Ребека Брукс ослободена со кауција

Поранешниот извршен директор на британскиoт дел од медиумската империјa на Руперт Мардок, Ребека Брукс, е пуштена од затвор со кауција. Таа беше притворена вчера за нејзината улога во скандалот со прислушкувањето и за корупција. Брукс од својата функција се повлече во петокот. По откривањето на скандалот , таблоидот „Њуз оф д ворлд “ престана да се печати“. Руперт Мардок и јавно се извини што еден од неговите медиуми прислушкувал стотици познати личности, политичари, новинарски ривали , британски војници и убиени тинејџери. Шефот на британската полиција, Пол Стивенсон, си поднесе оставка по скандалот со прислушкување телефони.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека скандалот длабоко ја нарушил довербата на јавноста во полицијата.