На 27-ми јули собраниска седница за новата влада

Собранието на Република Маикедонија на 27 јули ќе ја почне седницата за избор на новата влада. Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, како што информираат од неговиот кабинет, во текот на денов ќе ја закаже седницата која според Деловникот за работа на Собранието трае најмногу два дена. На седницата, мандатарот Груевски ќе ја образложи Програмата и Предлогот за состав на владата пред пратениците. Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието, како што се наведува во Деловникот, на начин кој обезбедува учество во расправата на пратеници од различни политички партии застапени во Парламентот. Гласањето за избор на владата се врши по Предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање. Изјаснувањето се врши по завршувањето на претресот, а најдоцна на полноќ.