Американско - Јужно-корејска воена вежба во наредниот месец

Во наредниот месец ќе се одржи заедничката годишна американско – јужно-корејска воена вежба. Генерал Џејмс Турман, командантот на 28-те илјади американски војници во Јужна Кореја, изјави дека вежбата е со цел да се провери воената готовност. Во вежбата ќе учествуваат десетици илјади јужно-корејски војници. Северна Кореја, вообичаено, ваквите вежби ги оценува како провокација.