Жестоки борби во либијскиот град Брега

Либијските бунтовници тврдат дека водат битка со приврзаниците на Моамер Гадафи во резиденцијалните делови на градот Брега. Бунтовниците неколку дена напредуваа кон Брега и покрај артилериските напади од страна на владините сили. Нема независна потврда за ваквите информации.