Ивајло Калфин - Кандидат за бугарски претседател

Ивајло Калфин.

Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи и актуелен европратеник Ивајло Калфин е кандидат за претседател на Бугарија на опозициската Бугарска социјалистичка партија, на изборите што ќе се одржат на 23 октомври.
Владејачката партија, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), се уште официјално не го избрала својот преседателски кандидат, но партискиот лидер и бугарски премиер Бојко Борисов неодамна изјави дека е можно ГЕРБ да го предложи поранешниот цар и премиер Симеон Саксобурготски.
Свои кандидати за претседател истакнаа и некои помали бугарски партии.
Вториот петгодишен мандат на актуелниот бугарски претседател Георги Прванов истекува кон крајот на годинава и тој нема право повторно да се кандидира.
На 23 октомври, заедно со претседателските во Бугарија ќе се одржат и локални избори.