Бахреин-опозицијата се повлекува од разговорите со власта

Преставник на Ал Вефак

Најголемиот опозициски шиитски блок во Бахреин се повлекува од разговорите со властите. Калил ал-Мурзук кој ја предводи делегацијата која учествува во т.н. национален дијалог, рече дека одлуката ќе биде потврдена утре од страна на раководството на Ал-Вефак. Тој изјави дека владата не е сериозна во врска со решавање на шиитските барања за политички реформи. Вашингтон со месеци работеше на поттикнување на дијалог меѓу шиитите и сунитите. Бахреин во кој живеаат мнозинство шиити, е управуван од сунитското кралско семејство Ал-Калифа