Изгаснат пожарот на хрватскиот остров Брач

островот Браќ

Хрватските пожарникари денеска успеаја да го изгаснат пожарот на островот Брач, кој избувна во четвртокот. Пожарот уништи 4.000 хектари борова, дабови и нискостеблеста шума и обработливи површини под маслинови дрвја, лозови насади и други земјоделски култури.
Хравтските медиуми јавуваат дека западниот дел на Брач, кој е една од најпопуларните туристички дестинации во Хрватска, „изгледа страшно и се е изгорено и прекриено со пепел“.
Местото зафатено со огнената стихија вчера го посети и хрватскиот премиер Јадранка Косор, која изјави дека опожареното подрачје наликува на површината на Месечината.