Клинтон-САД ја подржуваат Грција во справувањето со кризата

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД силно ги поддржуваат мерките за штедење на Грција која се бори да ја надмине финансиска криза која се заканува да се прелее и на другите економии во ЕУ. Клинтон се наоѓа во дводневна посета на Атина , во чии рамки ќе се сретне со претседателот Каролос Папуљас ,со премиерот Јоргос Папандреу, и со министрите за надворешни работи и за финансии.