Милошоски организираше прошталeн прием за дипломатите

Средба во МНР Антонио Милошоски со медијаторот Метју Нимиц

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, вчеравечер во Клубот на пратениците, организираше проштален прием за дипломатскиот кор во земјава. Покрај претставниците на дипломатскиот кор,на приемот присуствувале и луѓе кои во изминатиот период соработуваа со министерот за надворешни работи Милошоски. Милошоски оценил дека успешно соработувал со дипломатите во земјата дур бил министер за надворешни работи и изразил подготвеност за продолжување на соработката со амбасадорите од неговата нова позиција, претседател на Комисијата за надворешна политика при Собранието на Македонија