Започна извлекувањето на потонатиот брод од Волга

Руските власти денеска започнаа операција за извлекување на остатоците од бродот „Бугарија“ кој потона пред една недела во реката Волга во Република Татарстан.
Десетици нуркачи и две огромни дигалки се вклучени во операцијата за извлечување на потонатиот брод. По потонувањето на бродот, 79 луѓе веднаш беа спасени, 114 луѓе загинаа ,а 15 се уште се водат за исчезнати.