Над 150 илјади луѓе погодени од поплавите во Индија

Поројните монсунски дождови во Индија предизвикаа излевање на реката Брамапутра при што се поплавени три области во државата Асам. Во поплавите најмалку еден човек загинал а 150 илјади луѓе се погодени. Спасувачките екипи им помагаат на луѓето да се сместат во привремени засолништа. Поплавите се вообичаена појава во Индија во периодот од јуни до септември за време на монсунските дождови.