Во Авганистан загинале 10 бунтовници

Најмалку 10 бунтовници загинале денеска, во престрелка со авганистанските и војниците на НАТО во провинцијата Нангарар. Акцијата од страна на авганистанските и странските војници била насочена кон бунтовниците кои биле собрани во една училишта зграда во областа Шева. Локалните власти велат дека бунтовниците планирале напади врз војниците во таа област.