Лабуристите бараат поделба на империјата на Мардок

Руперт Мардок

Лидерот на британските лабуристи, Ед Милибанд повика да се подели британскиот дел од медиумската империја на Руперт Мардок, по скандалот со прислушкувањето. Милибанд, изјави дека мора да се соочат со ситуацијата кога еден човек може да поседува 20 проценти од медиумскиот пазар. Империјата на Мардок ги поседува весниците Тајмс, Сандеј тајмс и Сан , иако комапниајта беше принудена да се откаже од контролата на ТВ гигантот Би Скај Би , сепак Мардок се уште поседува 39 отсто од компанијата, која има повеќе од десет милиони претплатници. Се шпекулира дека Мардок планира да печати нова верзија на неделникот Сан , која би го заменила затворениот „Њуз одф д ворлд“.