Осум европски банки паднаа на стрес-тестот

Вицегувернерот на Централната банка на Германија, Франц Кристоф Цајтлер.

Банкарските регулатори во Европа соопштија дека 8 од 90 банки паднале на стрес-тестот - проект кој покажува како тие би преживеале уште една рецесија. 16 други банки, пак, едвај го минале тестот.
Банките кои паднаа на испитот ке мора до септември да поднесат план како ќе избегнат криза на капитал до крајот на оваа година.
Тестот имаше за цел да ја обнови довербата на инвеститорите.