Косовскиот Врховен суд ја потврди пресудата за Даци

Неџат Даци

Косовскиот Врховен суд денеска ја потврди пресудата за поранешниот претседател на Собранието на Косово, Неџат Даци. Тој е осуден на 1,5 година затвор поради злоуптреба на службената должност.
Врховниот суд го потврди и делот на првостепената пресуда од ноември минатата година и за советникот за безбедост на Даци, Ахмет Аљишани, во направена злоупотреба.
Врховниот суд им наложи на обвинетите заеднички да го надокнадат собранискиот паричен износ од 1.540 евра за штетата која произлезе од направените кривични дела.
Случајот е поврзан со купувањето имот и услуги врз основа на налогот издаден од страна на Даци, што е исплатено од буџетот на Собранието, но било упторебено за приватни цели.