Големи протести во Сирија - убиени 12 лица

Антивладини протести во градот Хама на 8 јули 2011 година.

Сириските сили за безбедност убија најмалку 12 луѓе во денешните протести на кои во земјата учество земале стотици илјадници лица барајќи оставка на режимот на Башар ал Асад.
Во Хама, на видео прикажано од жителите, се гледа маса луѓа како скандира против режимот.
Според активистите, само во источната провинција Деир ал Зор демонстрирале најмалку 350 илјади луѓе. Полицијата во Дамаск употребила солзавец и убила 5 лица.
Асад се соочува со најголем предизвик за режимот во изминативе 40 години владеење на Баат партијата.