ЕУЛЕКС - Против премиерот на Косово не се води истрага

Заменик шефот на Мисијата на ЕУ во Косово, Енди Спаркс,

Заменик шефот на Мисијата на ЕУ во Косово, Енди Спаркс, изјави дека ЕУЛЕКС не води истрага против косовскиот премиер Хашим Тачи во врска со извештајот на Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово и во Албанија, додавајќи дека тој нема да има имунитет доколку бидат пронајдени докази за негова вмешаност.

„Ако постои каков било доказ против Тачи, тогаш истрагата ќе се води и против него бидејќи не ужива имунитет. Никој не ужива имунитет на истрагата“, изјави Спаркс.

Спаркс нагласи дека во тек е воспоставување на Работна истражна група која ќе се занимава со извештајот на Марти.