Демонстрации во Египет за реформи и побрз процес против Мубарак

Илјадници демонстранти се собраа во неколку градови во Египет за да извршат притисок врз воените власти за спроведување на ветените реформи и да го забрзаат судскиот процес против поранешниот претеседател, Хосни Мубарак, и луѓето од неговиот режим.
Армијата и Врховниот совет, иако ги подржаа февруарските протести кои доведоа до пад на Мубарак, сега се обвинети од опозициските организации како „Револуционерна млада коалиција“ дека всушност го штитат Мубарак.