Клинтон: САД ја подржува Турција во борбата со курдските бунтовници

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска во Истамбул дека САД стои на страната на Турција во борбата против Курдската работничка партија. Изјавата на Клинтон следува откако вчера во престрелките во турскиот округ Дијарбекир курдските борци убија 13 турски војници, и 7 милитанти загинаа. Ова е најголем судир меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници откако во февруари годинава курдската бунтовничка работничка партија објави крај на 6 месечниот прекин на огнот. Клинтон во Истамбул на состанокот за Либија, изјави дека САД е посветен на безбедносната соработка со Турција. Курдската партија се наоѓа на американска црна листа на терористички организации. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе успее да го надмине теророт со кој се соочува.