Проштална средба на Милошоски со Рикер

Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Филип Рикер. Милошоски изразил благодарност за залагањето и придонесот на Рикер во унапредувањето на билатералните односи. Амбасадорот Рикер изразил задоволство од постигнатиот успех во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тој ја потврдил неговата определба и интерес и во иднина да остане активно посветен на прашањата од регионот, преку своите ангажмани на фунцијата заменик помошник државен секретар во американскиот Стејт Департмент, надлежен за Јужна и Централна Европа, се наведува во соопштението од МНР