Хоџај-Балканот да се сврти кон европската визија

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај денеска го повика претседателот на Србија, Борис Тадиќ позитивните чекори што ги направи кон Босна и Херцеговина и кон Хрватска, да ги направи кон Косово. Мораме да бидеме свесни дека изгубивме 20 години и не треба да изгубиме уште 20 за да дојдеме до европската цел. Дел од таа цел е помирување меѓу сите народи на некогашна Југославија, изјави Хоџај. Тој оцени дека дијалогот меѓу Приштина и Белград преставува добар чекор и оти е создаден позитивен елан во двете средини. Хоџај повика целиот регион да го следи примерот на Хрватска, која за шест години ги исполни сите критериуми на ЕУ и и понуди на народот добра перспектива. Луѓето во Србија, во Косово, во БиХ, во Македонија и во Албанија имаат право тоа да го очекуваат од своите политичари. Јас ги повикувам да го променат правецот и реториката и повеќе да ја промовираат европската визија.