Зимбабве-никој не сака да работи како „џелат“

Најмалку 55 осуденици на смрт во Зимбабве ја чекаат својата казна со години, затоа што во земјата нема џелати. Еден осуденик цели 13 години чека да биде убиен, бидејќи Владата со години неможе да вработи човек кој ќе ги извршува смртните казни. Последен пат смртна казна била извршена во 2004-та. Владата редовно во дневните весници објавува конкурси за извршители на смртни казни. Во земјата тоа работно место е празно од 2005-та.