Русија предлага нов пристап за иранската нуклеарна програма

Русија препорачува користење на постепен пристап во намалувањето на меѓународните сомнежи за иранската нуклеарна програма. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача наградување на секој задоволителен одговор на официјален Техеран за нуклеарната програма со замрзнување на одредени санкции. Амкерриканскиот државен секретар Хилари Клинтон не ја коментираше препораката на рускиот министер и рече дека САД и понатаму се посветени на „двоен извор на притисок“. Официјален Техеран изрази подготвеност за продолжување на разговорите со Советот за безбедност при Обединетите нации, под услов да добие признание на правото да збогатува ураниум.