Осуда од ООН и САД за нападите во Мумбаи

Советот за безбедност при Обединетите нации силно ги осуди бомбардирањата во индијскиот град Мумбаи, во кои загинаа 21 лице а 140 се повредени. Американскиот претседател Барак Обама исто така ги осуди нападите и понуди подршка во расчистување на случајот. Експлозиите се случија една по друга, поради што постои сомневање дека напдите биле координирани. За сега никој нема превземено одговорност.