Либијските бунтовници се пробиваат кон Триполи

Бунтовниците во Либија изјавија дека окупирале населено место јужно од главниот град на земјата, со што се создаваат нови надежи за бунтовнички марш кон Триполи. Новинските агенции јавуваат дека градот Ал Кавалиш повторно бил ставен под бунтовничка контрола по целодневни судири меѓу бунтовничките сили и лојалистите на лидерот Муамар Гадафи. Бунтовниците тврдат дека петмина нивни припадници загинале во офанзивата а петнаесетмина се повредени.