Времето денеска сончево и топло - препораки да не се излегува на сонце

Сончево и топло време предвидуваат метеролозите со максимална дневна температура до 36 степени. Се прогнозира дека топлотниот бран нема да пропушти во следниве неколку дена. Надлежните препорачуваат да се избегнува излегување на сонце од 11 до 16 часот, меѓу другото и поради штетното ултравиолетово зрачење. На работодавачите им е предложено реорганизирање на работните часови за градежните работници, бремените жени и лицата повозрасни од 60 години.