Нема одлука за екстрадицијата на Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Британскиот судии денеска ја одложија одлука по жалбата на оснивачот на Викиликс Џулијан Асанж да не се екстрадира во Шведска. Високиот суд во Лондон два дена ги сослушуваше аргументите од адвокатите на Асанж и од шведските обвинители. Судијата Џон Томас рече дека пресудата ќе биде изречена во писмена форма, но не кажа кога .Асанж беше уапсен во декември. Се бара од шведсите власти за сексуален напад и силување на две жени. Асанж вели дека обвиненијата против него се политички мотивирани.