Либиските бунтовници негираат дека вршеле грабежи

Либиските бунтовници ги отфрлаат обвинувањата од невладината организација Хјуман рајтс воч дека припадниците на побунетите сили, ограбувале на западот од земјата. Министерот за надворешни работи на Националниот преоден совет, Махмуд Џибирил денеска во Брисел изјави дека имало „неколку инциденти“ во текот на првите недели од протестите, но дека тоа повеќе не е случај. Џибрил денска се состанува со шефовите на дипломатиите на Белгија, Луксембург и Холандија, а претходно во седиштето на НАТО разговараше со генералниот секретат Андрес фог Расмусен. Хјуман рајтс воч денеска соопшти дека либиските бунтовници ограбувале куќи, здраствени установи и продавници во некои градови кои ги освоиле на западат од земјата, но и при офанзивата на Триполи.