Кинеската економија со побавен раст

Кинеската економија порасна за 9,5 насто во последниот квартал, покажуваат најновите статистички податоци. Тоа е за 0,2 насто пониско од растот во претходното тримесечие. Од друга страна продажбата и индустријата и натаму бележат двоцифрен пораст. Пекинг ја зацврсти контролата во борбата против растечката инфлација која во јуни достигна рекордно ниво од 6,4 проценти.