Шефот на пакистанското разузнавање во Вашингтон

Шефот на разузнавачките служби на Пакистан Ахмад Шуџа Паша престојува во ненајавена еднодневната посета на Вашингтон до која доаѓа неколку дена откако Соединетите држави суспендираа една третина од воената помош за Пакистан која изнесува 2 милијарди долари. Односите меѓу разузнавачките служби на двете земји се во надолна линија откако еден агент на ЦИА во јануари во Лахоре уби двајца пакистанци. Релациите се влошија и по убиството на Осама бин Ладен во тајна американска акција во близина на Исламабад.