Карзаи на погреб на неговиот полубрат

Ахмад Вали Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја предводеше поворката од неколку илјади луѓе на погребот на неговиот помлад полубрат кој беше убиен вчера. Ахмад Вали Карзаи беше застрелан од телохранителот во неговиот дом во Кандахар. Тој долго време беше обвинуван за трговија со дрога, како и за врски со ЦИА. Одговорноста за неговото убиство ја презедоа талибанците, кои оценија дека ова бил еден од најголемите нивни успеси.