Венизелос: Грција не е платежно неспособна

Евангелос Венизелос

Грција ја отфрла секоја можност да прогласи делумна платежна неспособност во врска со својот долг, изјави грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос, демантирајќи ја претходната изјава во Брисел на холандскиот министер за финансии Јан Кејс де Јахер. Холандскиот министер ја изрази хипотезата за делумна платежна неспособност на Грција во рамки на вториот план за помош на земјата, кој ЕУ се обидува да го изготви. Од суштинско значење ќе биде грчките банки да немаат проблем со ликвидноста, изјави Венизелос.