Шефот на руската дипломатија Лавров во посета на САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама и со Државниот секретар Хилари Клинтон. Разговорите ќе бидат фокусирани врз американскиот план за антиракетен штит во Европа, кој Лавров го нарече најчувствително прашање во односите меѓу двете земји. Тој додаде дека на средбите ќе стане збор и за руското настојување за влез во Светската трговска организација.