Русија- предлог закон за кастрација на педофили

Рускиот Парламент

До рускиот Парламент денеска е доставен предлог закон за хемиска кастрација за педофилите. Хемиската кастрација ќе се смета за неопходен третман со цел да се спречи понатаму педофилите да злоупотребуваат деца. Осуденици ќе може и доброволно да побараат третман , за да си ја намалат казната или за да добијат условно ослободување. Другите мерки во рамките на предложениот закон предвидуваат задолжително лекување на педофили во психијатриска болница.