Петреус му изрази сочуство на Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Претседателот Хамид Карзаи рече дека по веста за убиството на братот, се чуствувал исто како и они кои изгубиле некого за време на војната. Карзаи изрази надеж дека страдањата на авганистанскиот народ се при крајот, и дека наскоро ќе завладеат мир и безбедност во земја, така што авганистанските семејства некогаш повторно нема да се соочаат со болки и страдања, што ги искусиле до сега. Командантот на Меѓународните безбедносни сили во Авганситан, генерал Дејвид Петреус, денеска изрази сочуство на претседателот Карзаи. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Помалиот брат на Карзаи, Ахмад Вали Карзаи е убиен денеска во својот дом во јужната провинција Кандахар. Братот на Карзаи се смета за еден од најмоќните владини претставници во јужен Авганистан.