ОН-САД ги кршат резолуциите во случајот со изворот за Викиликс

Хуан Мендез

Од одделот за истражување на тортура при Обединетите нации соопштија дека САД ги прекршуваат правилата на ОН, со тоа што не дозволуваат пристап до армискиот преставник кој е обвинет дека оддавал доверливи документи на Викиликс. Хуан Мендез , специјалниот известувач на ОН за тортура, вели дека американското Министерство за одбрана не дозволува да се посети армискиот член Бредли Манинг без присуство на воени власти. Мендез вели дека со тоа се кршат правилата на ОН . Манинг беше префрлен во воен затвор во Канзас во април, откако 8 месеци беше затворени сам во ќелија во воен објект во Вирџинија.