Панета-САД вршат операции против ирачките шиитски бунтовници

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека американските сили вршат операции против шиитските бунтовници во Ирак, речиси година откако војската стави формален крај на воените операции во земјата.
Според Панета кој беше во посета на Ирак американските сили изведувале заеднички операции со ирачките безбедносни сили против милитантите. Техеран ги одби тврдењата дека шверцува оружје за поддршка на милитантите во Ирак и авганистан.