Обама-ако пропаднат разговорите, можна е нова рецесија

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама предупреди денеска дека неуспехот да се подигне плафонот на задолжување на САД може да предизвика уште една рецесија и да додведе до тоа милиони луѓе да останат без работа. Обама ги повика републиканците да се договорат за кастрењето на буџетот, пред разговорите кои денеска треба да се одржат во Белата Куќа .Лидерот на републиканците во Конгресот Џон Бенер изјави дека нема да прифатат никакви разговори за зголемување на даноците. Последниот датум за постигнување договор за буџетскиот дефицит е 2 август.